Последна измена: 27.10.2026
Се предомисли? Имаш 14 дена
Можеш да се откажеш од купувањето во рок од 14 дена од денот кога ја примиш пратката, без да кажеш причина. Избираш замена за друг производ или пари назад.
- Пиши ни на WhatsApp или Viber (073 740 203) со бројот на нарачката и кажи дали сакаш замена или пари назад.
- Спакувај го производот целосен, со сите делови и, во оригиналното пакување.
- Ќе ти кажеме како да го пратиш. Доставата за враќање ја плаќаме ние.
Парите (за производот и за доставата што си ја платил) ги враќаме на твојата банкарска сметка најдоцна 14 дена откако ќе ни стигне производот. Ако избереш замена, новиот производ ти го праќаме без трошок за достава.
Производи за лична хигиена и козметика може да се вратат само ако не се отпечатени.
Оштетен или погрешен производ
Ако производот пристигне оштетен или не е тоа што си го нарачал, пиши ни најдоцна 48 часа по приемот, со слика од производот и пакувањето. Добиваш бесплатна замена или пари назад, а сите трошоци се наши.
Како да пријавиш
WhatsApp или Viber: 073 740 203. Испрати ги бројот на нарачката, слика и што сакаш (замена или пари назад). Одговараме најбрзо што можеме.
