Скокни до содржината
Плаќање при достава · Бесплатна достава над 2.000 ден.

Услови за купување

Последна измена: 27.10.2026

Овие услови важат за купување на kliknisi.com. Продавач е KlikniSi. Контакт: WhatsApp или Viber, 073 740 203.

Нарачка

Нарачуваш преку формата на сајтот. Нарачката е примена кога ќе видиш „Нарачката е примена!“ и број на нарачка. Ако нешто не е јасно, може да те контактираме пред да ја испратиме.

Додатокот во формата е по избор и никогаш не е штиклиран однапред. Понудата по нарачката важи 15 минути и се додава во истата пратка само ако кликнеш „Додај“.

Цени и плаќање

Цените се во денари и се конечни. Цената на доставата ја гледаш пред да ја потврдиш нарачката. Важи цената од моментот на нарачката. Плаќаш во готовина при достава.

Ако производот се покаже дека го нема на залиха, ќе те известиме и нема да плаќаш ништо.

Достава

Цена, рокови и што ако ја одбиеш пратката: Достава.

Откажување, враќање и замена

Нарачката можеш да ја откажеш бесплатно додека не е испратена, со порака на WhatsApp или Viber. По приемот имаш 14 дена за замена или пари назад: Рекламации и замена.

Производи

Се трудиме сликите и описите да се точни. Бојата може малку да се разликува на различни екрани.

Лични податоци

Како ги користиме твоите податоци: Приватност и колачиња.

Scroll to Top